Хабиб: Конор паметно бира противници, избегнува силни борби

Рускиот ММА борец Хабиб Нурмагомедов не сака повторно да се бори со Ирецот Конор Мекрегор бидејќи за него вели дека го интересираат само пари.

„Мислам дека тој избегнува тешки мечеви. Сам си ги бира противниците, може да го прави тоа бидејќи е голема ѕвезда. Луѓето сакаат да гледаат драми, а ако се зборува за пари и драма, тој е добар. Но, ако се зборува за вистинска битка за титула светски првак, тој не е вистинскиот човек. Ќе ме паметат ако победувам тешки противници, а не вакви лажни“, вели дагестанскиот орел кој на 18 април ќе има тешка битка за тронот против Тони Фергусон.

Мекрегор неодамна го разби Каубојот Сероне, но тој противник е во залез на кариерата и не е меѓу топ-борците во моментов, од последните десет главни борби повеќе загуби отколку што доби, а според Хабиб, Конор треба да ја намали килажата и да се врати во лесна категорија.

- Оглас -

Најнови вести