Хабиб не трпи провокации: Постот завршува на 23 мај, а потоа ќе ги скршам сите!

Хабиб Нурмагомедов е честа тема во изминатиот период по последното откажување на борбата со Тони Фергусон како резултат на пандемијата со корона-вирусот. Популарниот Орел замина од САД набрзо откако вирусот се прошири низ Соединетите држави, а Фергусон проади тоа го навреди дека е кукавица и дека се плаши да влезе во октагонот и да се бори со него.

На тоа Хабиб одговори без влакна на јазикот.

„Престанете да зборувате за мене во период кога поважна тема е пандемијата. Сега не е време да се зборува за борби, а кога ќе дојде моето време, ќе ги скршам сите. Рамазанскиот пост завршува на 23 мај, но јас уште сега сум подготвен за борба против кого било“, одоговори Хабиб.

Враќањето на непоразениот УФЦ шампион во лесна категорија може да се случи порано од предвиденото, поточно во октомври, а противник да му биде победникот од борбата Фергусон – Гејчи, која ќе се одржи во претстојната сабота.

 

- Оглас -

Најнови вести