Хабиб постави невозможен услов за реванш против Конор

Хабиб Нурмагомедов, дагестанскиот борец кој настапува под руско знаме, во легендарната ултимејт фајт борба во октомври 2018 година го совлада Ирецот Конор Мекрегор, а сега се најавува и реванш, но има една пречка. Хабиб бара дури 100 милиони долари.

Таткото и тренер на Нурмагомедов, Абдулманап, потврди дека реванш-борба со Мекгрегор нема да има ако не им бидат платени 100.000.000 зелени банкноти како прв услов.

Хабиб (има 28 победи во 28 борби) во моментов се подготвува за дуелот со опасниот Тони Фергусон, против кого во април треба да го брани шампионскиот појас во лесна категорија. Ако победи против Фергусон, Хабиб можеби и ќе ја заврши кариерата.

- Оглас -

Најнови вести