Хабиб повторно ќе оди на гости кај Путин

Хабиб Нурмагомедов како светски првак во лесна категорија во УФЦ борбите и со учинок 29-0 ја заврши кариерата по победата над Американецот Џастин Гејџи во Абу Даби. Дагестанецот се врати во октагонот по една година и остана непоразен во 29 борби, инаку се бореше првпат откако неговиот татко почина од корона-вирусот пред неколку месеци.

Новиот успех на популарниот Орел му заработи покана од претседателот на Русија, Владимир Путин. Хабиб повторно ќе оди на гости кај Путин откако пред две години го стори тоа заедно со неговиот татко по триумфот над Конор Мекрегор.

Со убаво остварената заработка (околу три милиони долари) по победата, Хабиб се осигури доживотно, а голем дел од средствата ќе ги искористи за да отвори академија од која ќе произлегуваат идни шампиони во УФЦ.

- Оглас -

Најнови вести