Хабиб сениор: Конор е шоумен, не е сериозен противник за син ми

Таткото на рускиот борец и светски шампион во Ултимејт фајт, Хабиб Нурмагомедов, го кажа своето мислење за противниците на син му и коментираше како изгледа подготовката за некои од борбите.

„Омилена борба ми беше неговиот двобој со Рафаел дос Сантош. Ќе ви објаснам и зошто. Пред битката се подготвувавме три месеци во планина. Хабиб беше поподготвен од кога било. Хабиб победи, не му остави никаква шанса на противникот. Но, потоа се повреди, па две години не се бореше. Имаше четири операции, скршено ребро“, објаснува Нурмагомедов постариот.

Што се однесува до легендарната битка со Конор Мекгрегор, таткото на Хабиб има интересно мислење.

„Мекгрегор беше најсериозниот противник, но само во однос на парите. Тој не е тежок противник. Тој е само шоумен”, смета Хабиб сениор..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести