Хабиб за победата над Гејџи заработи трипати повеќе од триумфот над Мекрегор

Хабиб Нурмагомедов влезе меѓу легендите како борец кој ја заврши кариерата само со победи. Дагестанецот го победи Џастин Гејџи со „гушење“ во втората рунда и стигна до 29-тата победа во исто толку борби. Веднаш по завршување на борбата, Хабиб изјави дека се повлекува и предизвика бурни реакции во светот на спортот.

За борбата во Абу Даби, Хабиб заработи неверојатни шест милиони долари, плус 90.000 долари. Колку за споредба, минатата година, кога Дагестанецот го победи Конор Мекрегор, доби два милиони долари, односно трипати помалку од сега.

Поразениот Џастин Гејџи заработи 400.000 долари, со што само се потврдува дека борбата во неделата вечерта беше една од најпрофитабилните во историјата на УФЦ.

- Оглас -

Најнови вести