Хадерсфилд доби нов тренер

Јан Сиверт е наименуван за главен тренер на Хадерсфилд. Германецот кој има 36 години е наследник на неодамна отпуштениот Давид Вагнер.

Сиверт во Англија доаѓа од позицијата тренер на вториот тим на Борусија Дортмунд, а бил и на клупата на тимот на Бохум за играчи до 19 години. Со „териерите“ потпиша договор со важност до летото 2021 година. Интересно е што и неговиот претходник Вагнер, исто така, во Хадерсфилд дојде од позицијата тренер на вториот тим на Дортмунд.

Хадерсфилд е на дното на табелата во Премиер лигата само со 11 бода, што е за 10 зад безбедната зона, а до крајот на сезоната има уште 15 кола. Првиот меч за Сиверт како тренер на Хадерсфилд ќе биде дома, на 29-ти јануари против Евертон.

- Оглас -

Најнови вести