Хадерсфилд има тешка задача по враќањето во втората англиска лига

Хадерсфилд – Дерби каунти (20:45ч – Чемпионшип лига, прво коло)

Повратникот во втората лига на стартот од сезоната наиде на финалистот од минатосезонскиот плејоф за пласман во Премиер лигата. Дерби каунти со новиот предводник Филип Коку ќе се обиде да го расипе планот на Териерите во обидот експресно да се вратат во елитата. Овој дуел е последен од првото коло, а Хадерсфилд треба да се пази бидејќи двете останати екипи кои оваа сезона се второлигаши, Фулам и Кардиф, започнаа со пораз на гостувањата кај Барнсли, односно Виган.

Во изминативе сезони куповите не ги споија Хадерсфилд и Дерби, така што нивен последен дуел беше во април 2017 година, кој заврши без победник. Севкупно гледано, Овните имаат подобар учинок во претходните 13 средби, од кои шест ги добија, а во четири наврати ремизираа.

Предлог тип: 1X & ГГ (2.55)

 

Нирнберг – Хамбургер СВ (20:30ч – Германија втора лига, второ коло)

ХСВ во второто коло ќе се обиде да дојде до премиерната победа за оваа сезона во Цвајта, бидејќи пред десетина дена ремизираше на домашен терен со Дармштад. Сепак, поранешниот германски првак ќе треба добро да се испоти за да ги заслужи трите бод по кои трага, бидејќи тимот на Нирнберг има амбиции за една сезона повторно да биде меѓу најквалитетните екипи во Германија.

Враќање во Бундеслигата е желба на двата тимови, а кој повеќе посакува да се најде во елитата ќе се види во денешната средба. Трите последователни победи на ХСВ во претходните меѓусебни средби против Нирнберг се мотив да се продолжи позитивниот учинок.

Предлог тип: ГГ3+ (2.30)

 

Висал Краков – Горник Забрзе (18ч – Полска прва лига, трето коло)

Само еден бод од првите две кола не е учинок кој го посакуваше Висла при стартот на сезоната. За тим кој своевремено беше фаворит за шампионската титула во Полска, треба да покаже многу подобра игра ако сака да се врати на врвот во блиска иднина, а можеби токму денес ќе им тргне на фудбалерите на тимот од Краков.

Дуелите против Горник редовно одредуваат победник, реми на овие две екипи не е видено веќе четири години, а се чини дека на крајот од денешната средба повторно ќе има радост барем на едната страна. Составот од Забрзе пак, посакува да ја одржи добрата форма и да остане непоразен по три кола, но гостувањата во Краков ретко завршуваат во нивна корист.

Предлог тип: 1X & 2-4 (2.40)

 

Каен – Лориен (20:45ч – Франција втора лига, второ коло)

Каен по пет години повторно е во втората лига, но планот е брзо враќање меѓу најдобрите. Со ремито без голови против Сошо, Каен ја отвори сезоната, па затоадомаќините сега го посакуваат целиот плен во дуелот против некогашниот прволигаш. Лориен во претходното коло стартуваше со убедлива победа и најави нов атак на едно од местата кои водат ранг погоре во француските натпреварувања, нешто што потфрли да го направи во претходните неколку сезони.

Две години се чекаше дуел меѓу Каен и Лориен, а последниот кој се одигра во 2017 година во рамки од третото коло во Лига купот, заврши во корист на денешните домаќини со минимални 1-0. Пред тој меч, Лориен славеше на четири од петте дуели против Каен, така што „двојка“ вечерва нема да биде изненадување.

Предлог тип: 1-2I & 1-2II (2.80)

 

Елфсборг – Џургарден (19ч – Шведска прва лига 18-то коло)

Џургарден во обидот да остане непоразен и во десеттиот последователен натпревар во домашното првенство, цели на трите бода и избивање на лидерската позиција на табелата пред АИК и Малме. Евентуална победа на денешните гости ќе им донесе минимална бодовна предност, а со оглед на тоа дека играат против екипа од средниот дел на табелата, шансите за такво нешто им се големи.

Гледајќи ги минатите меѓусебни дуели, со сигурност може да се каже дека погодоци нема да недостасуваат. Елфсборг и Џургарден во претходните 10 меѓусебни средби во просек постигнуваат барем три гола на натпревар, но и ретко ремизираат.

Предлог тип: Т2 1+I & T2 2+ (2.35)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести