Хајдук го даде најчудниот гол во историјата на хрватското првенство (Видео)

Хајдук го победи Славен Белупо со 2:0 во меч на кој беше постигна најчудниот погодок во историјата на хрватското првенство. Домаќините на „Пољуд“ имаа водство од 1:0, а гостите се обидуваа да израмнат. Во една ситуација, голманот на Хајдук лошо ја исфрли топката, гостите се обидоа со лоб удар да погодат, а многумина ја видоа топката веќе во голот на домаќините.

Играчите на Славен Белупо започнаа да го слават израмнувањето, но судијата покажа дека топката не јапоминала гол линијата и дека играта треба да продолжи. Играчите на Хајдук ја искористија конфузијата на гостите и со контра напад успеаа да дадат погодок на празниот гол, бидејќи голманот на гостите се радуваше на погодок, а всушност тој требаше да ја вади топката од својата мрежа.

https://youtu.be/6YTF2hX7qLU

 

- Оглас -

Најнови вести