Хајдук им даде шанса на Динамо и Риека да му се доближат

Локомотива и Хајдук во Загреб одиграа 1-1 во меч од хрватската Суперлига, а овој резултат е добредојден за Риека и Динамо.

Во моментов, лидерот Хајдук има 8 бода повеќе од Риека која има и два меча помалку, а Динамо заостанува 10 бода, но Модрите од Загреб имаат три меча помалку кои ако ги добијат, би дошле на само бод негатива.

Александар Трајковски и вечерва не беше во составот на Белите од Сплит. Македонскиот репрезентативец е повреден, нема играно точно еден месец.

- Оглас -

Најнови вести