Хајдук ќе има победнички старт на сезоната во Хрватска

1671 Клуб Бриж – Гент (18.00 часот)

Клуб Бриж и Гент со вечерашниот Супер куп меч, ја најавуваат новата сезона во белгискиот клупски фудбал. Средбата ќе се игра на стадионот на Бриж. Според резултатите на овие два тима во подготвителниот период, може да се очекува ефикасен меч, и да има гол на двете страни. Последниот меѓусебен дуел им беше во март во Купот, кога Гент како гостин славеше со 3-0, а последниот лигашки меч им заврши со 2-1 за Гент. Бриж дома ги загуби последните три пресметки против Гент, па домашните ќе имаат големи мотиви.

Предлог тип: ГГ (1.67)

 

3174 Олимпија Љ. – Мура (20.15 часот)

За Олимпија и Мура, ова е прв меч сезонава во словенечкото првенство, и веднаш ќе имаат мака во дербито. Мура беше шампион на Словенија во 2021, но во минатата сезона Олимпија беше пред Мура на конечната табела. Во Конференцуската лига, Мура со две победи од по 2-1 го елиминираше Сфинтул Георге од Молдавија, а Олимпија се мачеше против Диферданж од Луксембург, но одвај отиде понатаму, со гол во продолжение. Мура има серија од 13 меча по ред на кои и дава и прима гол. Последниот нивен меѓусебен дуел во Љубљана заврши 3-3.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.88)

 

4211 Банфилд – Сан Лоренцо (20.30 часот)

Банфилд после седум кола во аргентинскиот шампионат, има биланс 3-2-2, а во последните три кола има по една победа, пораз и реми. Сан Лоренцо има дури четири ремија во седум кола, но веќе две кола по ред немаат нерешено. Домашните се благи фаворити на хартија, но далеку од тоа дека кецот е сигурен. Сан Лоренцо во минатото коло ја победи Бока јуниорс со 2-1, и сега се со зголемена самодоверба. Последните два меѓусебни дуели на овие екипи во Буенос Аирес завршија без голови.

Предлог тип: 0-2 гола (1.57)

 

3145 Истра 1961 – Хајдук (21.00 часот)

Ова е меч од првото коло во хрватската лига. Хајдук влегува со големи амбиции и не би било добро ако киксира уште во првата рунда. Според резултатите во подготвителниот период, Хајдук не е во победнички ритам, но играше со силни ривали, и секако нема да му биде лесно во Пула, а сплитските Били го загубија и Суперкупот на Хрватска. Традицијата е на страна на Хајдук, Истра не го победила Хајдук од 2020 година, во минатата сезона беше 1-1.

Предлог тип: 2 & 1+ пол. (1.90)

 

4246 Сао Пауло – Флуминенсе (21.00 часот)

Гостите од Рио де Жанеиро се во серија од четири лигашки победи по ред, после 16 кола се петти на табелата во бразилската Серија А, додека Сао Пауло има 8 нерешени во 16 меча. Ова се два големи клубови од кои потекнале многу ѕвезди, и победа во меѓусебен дуел причинува задоволство. Според имињата на играчите, многу попознати играчи има популарниот Флу. Овие екипи не играле меѓусебе уште од септември минатата година.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (2.75)

- Оглас -

Најнови вести