Халанд, Фати, Санчо, Кулушевски…, кој ќе биде најдобар млад фудбалер на годината?

Италијански „Тутоспорт“ објави скратена листа од 20-мина фудбалери кои се кандидати за признанието Златно момче, награда која ја добива најдобриот млад фудбалер (до 21 година) на светот. Наградата ќе се додели на 14 декември, а лани освојувач беше Португалецот Жоао Феликс. Наградата ја освојувале и ѕвезди како Меси, Погба, Мбапе и Де Лихт.

Најзвучни имиња меѓу кандидатите се Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд и неговиот клупски колега Џејдон Санчо, Ансу Фати од Барселона, нашинецот Дејан Кулушевски од Јувентус. Премиер лигата е претставена од шестмина играчи (Фоден и Торес од Манчестер сити, Гринвуд од Манчестер јунајтед, Фабио Силва од Вулверхемптон, Сака од Арсенал и Хадсон-Одои од Челзи). Реал Мадрид го претставуваат Винисиус и Родриго, тука е и Алфонсо Дејвис од Баерн.

На листата се и Бакер од ПСЖ, Дест од Барселона, Камавинга од Рен, Дејвид од Лил, Гравенберх од Ајакс, Собослаи од Салцбург и Тонали од Милан. Во гласањето учествуваат 40 новинари од Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести