Халанд го очекува потпис со кој ќе ги престигне Меси и Роналдо по заработка и пред него ќе биде само еден фудбалер

Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, се наоѓа пред потпис на нов спонзорски договор со американскиот производител на спортска опрема „Најки“, со кој би добивал 23 милиони евра годишно, пишува „Атлетик“.

Претходниот договор на Халанд со „Најки“ истече на 31 декември 2021 година, и Норвежанецот минатата година настапуваше во опрема на „Најки“, „Адидас“ и на „Пума“. На претставувањето како нов играч на Манчестер сити, тој се појави со копачки на „Пума“, а на натпреварите во Лигата на нации играше со „Адидас“.

„Атлетик“ пишува дека претставниците на Халанд пронашле заеднички јазик со „Најки“ и наскоро треба да се потпише нов спонзорски договор со кој напаѓачот на Манчестер сити ќе ги надмине Кристијано Роналдо и Лионел Меси кога станува збор за заработката од спонзорите.

Меси од „Адидас“ годишно заработува по 20 милиони евра, додека Роналдо инкасира по 17 милиони евра секоја година од „Најки“.

Најбогатиот спонзорски договор го има Нејмар, кој во 2020 година потпиша со „Пума“, која пак секоја година му исплаќа по 26 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести