Халанд ја одбра Старата дама?

Се чини дека Ерлинг Халанд уште во јануари ќе се пресели во европски гигант, а како што известуваат одредени италијански медиуми, тој го одбрал Јувентус како клуб каде што ќе ја продолжи кариерата. Сензационалниот норвешки голгетер само на 19 години ќе оствари трансфер од соништата и ќе заигра покрај Кристијано Роналдо.

Сумата на трансферот изнесува 30 милиони евра, што за Салцбург е задоволително, додека Халанд треба да потпише петгодишен договор според кој ќе заработува 3,5 милиони евра по сезона, плус дополнителни бонуси. На овој начин Јувентус победи во трката за потписот на Халанд, во која учестуваа Манчестер јунајтед, Милан, Лајпциг и Борусија Дортмунд.

Деветнаесетгодишниот напаѓач сезонава се прослави со настапите во групната фаза од ЛШ, додека засега стои на 28 погодоци во вкупно 22 натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести