Халанд ја забележа молбата од трибините и реши да го направи детето да биде најсреќно (Видео)

Борусија Дортмунд загуби сo 3:1 од Баерн Минхен во Суперкупот на Германија, но едно детенце, навивач на Борусија Дортмунд, си замина среќно од „Сигнал Идуна парк“.

По завршување на мечот, Ерлинг Браут Халанд тргна кон трибините, каде што детето во текот на мечот држеше транспарент дека му е роденден и дека голема желба му е да добие дрес од Халанд. Младиот норвешки напаѓач реши да му ја исполни таа желба на детенцето и веднаш по последниот судиски свиреж се упати директно кон детето подарувајќи му го дресот.

https://twitter.com/i/status/1427730215560568836

 

- Оглас -

Најнови вести