Халанд ќе дебитира против Баерн, освен ако падне од кревет и го скрши глуждот

Пеп Гвардиола со чудна изјава потврди дека Ерлинг Халанд ноќеска ќе дебитира во дресот на Граѓаните во пријателскиот натпревар против Баерн Минхен.

„Ерлинг ќе дебитира против Баерн, доколку не падне од кревет и го скрши глуждот“, посочи Пеп, алудирајќи на тоа дека Норвежанецот е подготвен за настап.

Сити пред три дена го одигра првиот подготвителен дуел против Клуб Америка, со двата гола на Де Бројне триумфираше со 2-1, а Халанд остана на клупата за резерви. Затоа пак, ноќеска (01 часот по полноќ) во дербито против Баварците Халанд за првпат ќе се појави на терените во дресот на англискиот првак.

- Оглас -

Најнови вести