Халанд: Ќе направам сè за да ја освоиме тројната круна

Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, верува дека неговиот тим може да дојде до сите три титули сезонава.

Граѓаните веќе ја освоија титулата во Премиер лигата, а утре против Манчестер јунајтед ќе играат во финалето на ФА купот, додека идната сабота ги очекува дуелот со Интер во финалето во Лигата на шампионите.

Доколку ги освои сите три титули, Манчестер сити ќе стане само вториот англиски тим со ваков подвиг, тоа досега го направи само нивниот градски ривал во 1999 година.

„Би било неверојато да испишеме историја. Поради тоа Манчестер сити и ме донесе, да освојуваме трофеи. Ќе направам сè за да ја освоиме тројната круна, тоа е мојот најголем сон кој се надевам дека ќе ми се оствари. Цела сезона ја бркавме титулата во Премиер лигата, и на сите многу ни олесна која ја освоивме. Сега не очекуваат два финални натпревари само тоа ни е во мислите“, изјави Халанд.

- Оглас -

Најнови вести