Халанд: Милошевиќ ме нарече ку.ва, а не сум, и ми се закани дека ќе ми ги скрши нозете (Видео)

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд, кога го постигна голот за својата репрезентација во вчерашниот дуел со Шведска, најпрвин тргна да слави провоцирајќи го противничкиот играч Александар Милошевиќ, а потоа стави прст на уста, порачувајќи им на шведските фанови да молчат.

Ѕвездата на Норвешка, објасни што се случувало.

„Милошевиќ цело време ми велеше дека сум ку.ва, а дефинитивно не сум. Потоа ми се закануваше дека ќе ми ги скрши нозете“ – изјави Халанд.

Швеѓанецот со српско потекло негира дека му се заканувал на Халанд и дека го навредувал.

„Не е точно тоа што го кажува. Не знам само како ме разбрал. Ниту јас знам норвешки, ниту тој разбира шведски“ – се бранеше Милошевиќ.

- Оглас -

Најнови вести