Халанд нема да игра против Ливерпул?

Екипата на Манчестер сити без својот најдобар фудбалер ќе му се спротивстави на Ливерпул. Халанд не тренира со остатокот на екипата поради повреда на препоните.

Дуелот против Ливерпул е значаен за Граѓаните во борбата за титулата во Англија, но и Ливерпул влегува со свои математики во овој натпревар во борбата за пласман во Лигата на шампионите.

Халанд на последните два натпревара постигна дури осум гола во дресот на Манчестер сити. Против Лајпциг постигна пет гола во Лигата на шампионите, додека трипати стрелаше против Барнли во ФА Ккупот.

- Оглас -

Најнови вести