Халанд сака во Реал, позната и сумата за која Сити мора да го ослободи

Ерлинг Халанд игра во извонредна форма за Манчестер сити оваа сезона и на 48 натпревари постигна неверојатни 52 гола. Во пресрет на вториот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Сити и Реал сè погласни се шпекулациите за преминот на Халанд од Манчестер во Мадрид.

Сега веќе е позната и клаузулата од неговиот договор во случај на трансфер надвор од Англија. Сепак, трансферот е речиси невозможно да се случи ова лето, додека во летото 2024 Реал ќе може да го откупи неговиот договор за 200 милиони евра. Доколку се одлучи да се чека летото 2025 година, тогаш обесштетувањето ќе биде 175 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести