Халанд со нова фризура ќе проба да го урне малерот, секогаш губел против Баерн!

Ерлинг Браут Халанд е машина за голови, неговиот однос на мечеви и голови во Лигата на шампионите е спектакуларен, а вечерва Норвежанецот има и личен мотив и предизвик да постигне гол(ови).

Халанд во неговата кариера (во дресот на Борусија Дортмунд) има постигнато пет гола против Баерн, но никогаш не победил против баварскиот гигант. И самиот Халанд го посочи Баерн како негов најнезгоден противник.

„Сум играл седум пати против Баерн и секогаш губев“, кажа Халанд пред неколку месеци.

Халанд вчера на тренинг се појави со нова фризура и предизвика различни коментари, останува да се види вечерва дали плетенките ќе му донесат среќа.

Посебни мотиви ќе има и менаџерот Пеп Гвардиола, кој е некогашен тренер на Баерн. Гвардиола во 2021 година со Сити загуби финале на ЛШ од екипа (Челзи) која ја водеше Томас Тухел, човекот кој сега е на клупата на Баерн.

- Оглас -

Најнови вести