Халанд типува на Сенегал, за неговото предвидување, квотата во Sport Life е 2.75!

Ерлинг Браут Халанд, ѕвездата на Манчестер сити, нема да игра на претстојното Светско првенство, а африкански фаворит на Норвежанецот е селекцијата на Сенегал.

Халанд мисли дека Сенегал може добро да се претстави на СП во Катар бидејќи има добри и силни играчи.

„Мислам дека Сенегал добро ќе игра на СП. Имаат добар тим, навистина добри играчи. Од африканските тимови, мислам дека тие ќе стигнат најдалеку“, прогнозира Халанд.

Во Sport Lif, квотата дека најуспешен африкански национален тим на СП ќе биде Сенегал е 2.75, со што тој е први фаворит. Квотите за Мароко, Гана, Камерун и Тунис се поголеми.

Прва ѕвезда на Сенегал е Садио Мане, но има и други добри поединци, како голманот Менди од Челзи, неговиот тимски колега Калиду Кулибали, кој дојде од Наполи, Идриса Геј од Евертон.

Сенегалците се во една од најлесните групи, со Катар, Холандија и Еквадор, па реално имаат шанса да одат понатаму, а во осминафиналето можен ривал им е Англија.

- Оглас -

Најнови вести