Халилхоџиќ во шок по трагедијата: Бев против продажбата на Сала

Минимални се шансите фудбалерот Емилијано Сала да го преживеал падот на авионот во кој беа тој и пилотот, а тренерот на Нант, Вахид Халилхоџиќ, уште е во шок по веста дека играчот кој го продадоа во Кардиф, најверојатно го загубил животот.

„Голем шок, не ме прашувајте ништо. Голема трагедија. Ништо друго не можам да кажам, ви благодарам на разбирањето“, рекол Халилхоџиќ со треперлив глас.

Вахид имал одличен однос со Сала. Фудбалерот даде 13 гола, а бил продаден без согласност од тренерот.

„Бев дома и долго размислував дали да останам или не. Да беше друг клуб, сигурно ќе си заминев. Да не стануваше збор за Нант, ќе си дадев оставка“, додава Халилхоџиќ непосредно по трансферот.

Малиот авион падна во каналот Ла Манш помеѓу Франција и Англија, во близина на островот Гернси. Контролата на летот потврди дека авионот летал од Нант кон Кардиф. Сала вчера се фотографираше со своите досегашни клупски колеги од Нант и со босанскиот тренер пред заминување во премиерлигашот, во кој требаше да стане најскапиот играч во историјата на клубот.

- Оглас -

Најнови вести