Хамес Родригес потпиша за Сао Пауло, тоа му е 10-ти клуб во 10-та различна земја!

Прославениот колумбиски фудбалер Хамес Родригес, официјално потпиша двегодишен договор со бразилскиот прволигаш Сао Пауло.

Сао Пауло е десеттиот клуб во кариерата за Родригес, а интересно е што Бразил е десеттата различна земја во која што ќе игра.

Кариерата ја почна во Колумбија, потоа прејде во Аргентина (Банфилд), па Португалија (Порто), Франција (Монако), Шпанија (Реал Мадрид), Германија (Баерн), Англија (Евертон), Катар (Ал Рајан), Грција (Олимпијакос) и сега во Бразил.

- Оглас -

Најнови вести