Винисиус донесе победа за Реал, Валенсија победи во луд меч и ќе има можност да се бори за Европа (Видео)

Реал Мадрид со минимални 1-0 славеше на гостувањето кај Севиља, во меч кој немаше никакво резултатско значење за „кралевите“, но за екипата од Андалузија беше значаен бидејќи се уште го немаат обезбедено опстанокот.

Единствениот гол на дуелот во Севиља беше дело на Винисиус во 15-тата минута и тоа беше единствениот удар кој одеше во рамки на противничкиот гол, за разлика од петте шута на Севиља.

Луд меч одиграа Реал Сосиедад и Валенсија, кој на крајот им припадна на „лилјаците“ со 4-3. Дуелот во Сан Себастијан беше исполнет со пресврти, па домашните дојдоа први во водство, а Валенсија направи пресврт до полувремето и замина на паузата со водство од 2-1.

Следуваа два брзи гола за Сосиедад и водство од 3-2, но екипата на Столе Димитриевски во финишот направи пресврт, па во последното коло ќе има можност да игра за пласман во фудбалска Европа, но за тоа ќе им биде потребна победа над Барселона, но и поволни резултати на останатите натпревари.

- Оглас -

Најнови вести