Хамилтон атакува на пол-позиција на „Монца“, патеката на која има исто победи колку и легендарниот Шумахер

Луис Хамилтон, актуелниот светски првак во Формула 1, е фаворит за Големата награда на Италија во пресрет на квалификациите кои се закажани за 15, односно 16 часот. Британецот на патеката „Монца“ славел во пет наврати, а исто колку победи има и легендарниот Михаел Шумахер.

Хамилтон подразбирливо ќе атакува да биде првиот возач во историјата на Формула 1 кој шестпати триумфирал на култната патека, а за тоа ќе треба да ја освои пол-поцизијата денес.

Од 2014 година, Хамилтон четирипати го освои италијанското Гран при, додека Мерцедес брои пет победи вклучувајќи ја и онаа на Нико Розберг во 2016 година.

Во ланското издание се радуваа најголемите ривали на Мерцедес, домашниот тим на Ферари со Шарлс Леклер како победник пред болидите на Ботас и Хамилтон.

- Оглас -

Најнови вести