Хамилтон е бесен по неверојатниот пропуст на Мерцедес: Нешто мора да се промени во овој тим

Макс Ферстапен славеше на трката за големата награда на Холандија која што се возеше во Занворд.

Но, пред самиот крај, Луис Хамилтон беше во одлична можност за да се бори за првото место со Холанѓанецот, но неговиот тим, Мерцедес направи грешка во стратегијата.

Додека беше излезено безбедносното возило на некаде 10 круга пред крајот, Макс беше прв, а зад него веднаш беше Хамилтон.

Но, од Ред Бул се одлучија лидерот да влезе во пит стоп, иако истото тоа го стори само некоку круга порано. Ферстапен доби нови меки гуми, додека Хамилтон со „медиум“ кои што беа под потребната температура и неколку кругови стари.

„Навистина сум лут поради тоа што се случи и мора добро да са анализира оваа ситуација. Ќе имаме состанок во наредните часови, а нешто мора да се промени во овој тим. 

Вакви пропусти не смеат да ни се случуваат“ изјави разочараниот Хамилтон.

- Оглас -

Најнови вести