Луис Хамилтон има лоша сезона во Формула 1 и е далеку од борбата за титулата. Иако според моменталната форма сите возачи се далеку зад Макс Ферстапен и Ред Бул, Британецот веќе со мислите е кон наредната сезона и евентуалната борба за осмата, рекордна титула.
„Јас ќе бидам со Мерцедес и во иднина. Го обожавам тоа што го правам и не планирам да застанам во брзо време. Имам една желба, а тоа е рекордна осма Формула 1 титула“, изјави Британецот.
Хамилтон има седум титули зад своето име, исто колку и легендарниот Мајкл Шумахер, и со уште една ќе постави нов рекорд во историјата на овој спорт.