Хамилтон ги „пецна“ ривалите: Кога нема никој пред мене, си замислувам противник

Актуелниот светски првак и лидер во оваа сезона Луис Хамилтон, денес триумфираше во трката за Големата награда на Велика Британија и воедно стана најуспешен возач на патеката Силверстоун. Британецот воедно ја запиша седмата овосезонска победа и ја зголеми бодовната разлика во генералниот пласман во однос на својот колега Валтери Ботас.

По трката, Хамилтон даде интересна изјава и откри што прави за време на возењето кога е пред сите и никој не му пркоси за првото место.

„Битката за светската титула и натаму трае. Мислам дека Ботас не е единствен кој брка некого, и јас го правам истото. Кога нема никој пред мене, едноставно замислувам ривал и се обидувам да бидам побрз од него. Некогаш се замислувам себеси од претходните сезони, а некогаш го замислувам и Ботас, како на пример во случаеви кога е побрз од мене за време на тренинзи или квалификации“, истакна Хамилтон.

Следната трка од Формула 1 сезоната, 11-та за оваа сезона ќе се одржи за две недели, ќе се вози на патеката Хокенхајмринг во трката за Големата награда на Германија.

- Оглас -

Најнови вести