Хамилтон го исправи киксот од минатата недела, возачите на Ферари повторно се мета на потсмев

Луис Хамилтон е победник на втората трка од скратената сезона во Ф1 шампионатот, откако извозе убедливо на патеката во Австрија. Ова беше втора трка за две недели на истата патека, а Хамилтон покажа дека ја научил лекцијата. Минатиот викенд актуелниот првак не успеа да се најде на пиедесталот и заврши на четвртото место откако доби и казна од пет секунди, па на крајот беше четврти.

Овојпат Хамилтон беше доминантен. Британецот вчера си ја обезбеди пол-позицијата, а денеска извозе во шампионски стил. Со овој триумф, Хамилтон сега може да се пофали дека има барем по една победа во секоја од 14-те сезони во кои вози во Ф1.

Зад Хамилтон денеска се најде Валтери Ботас, додека трет заврши Макс Верстапен.

Почетокот на трката го одбележа бизарниот инцидент меѓу двајцата возачи на Ферари. Себастијан Фетел и Шарлс Леклер се судрија и двајцата возачи се најдоа во аут. Сударот на двајцата возачи на Ферари може да го погледнете ТУКА.

Овој инцидент на возачите на Ферари во многу потсети на инцидентот од минатата сезона, кога во финишот на трката за големата награда на Бразил, двата болида на Ферари се судрија и не ја завршија трката.

 

- Оглас -

Најнови вести