Хамилтон имаше среќа во несреќа, се протна до второто место

Макс Ферстапен од Ред Бул победи на денешната трка на патеката Имола за Големата награда на Емилија Ромања во Формула 1, но успеа да го преземе водството во генералниот пласман, затоа што Луис Хамилтон кој беше втор, имаше и најбрз круг. Холанѓанецот има 11 победи во кариерата.

Ферстапен веднаш на стартот го презеде водството и водеше цело време. Трети низ целта мина Ландо Норис, а зад него беа двајцата пилоти на Ферари.

Првакот Луис Хамилтон излета од патеката и со големо задоцнување успеа да се врати на деветто место, но имаше среќа што по инцидентот на Ботас и Расел трката беше прекината, па Хамилтон загубеното време си го врати, па на рестартот тргна од деветто место и со свежи гуми дојде до втора позиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести