Хамилтон нема конкуренција на Хунгароринг, победи по осми пат

Луис Хамилтон има причина за двојна радост, откако победи на Хунгароринг и повторно е лидер во генералниот пласман.

Британецот потврди дека е неприкосновен на трката за Големата награда на Унгарија и победи на својата омилена патека по осми пат, што е рекорд.

Шесткратниот светски првак имаше време од 1 час, 36 минути и 12 секунди и беше побрз од второпласираниот Марк Ферстапен и од Валери Ботас за кои имаше место на подиумот.

Пријатно изненади Канаѓанецот Штрол со освојување на четвртото место, а во Топ-5 место најде и Тајланѓанецот Албон.

Хамилтон сега е прв во Генерален пласман со 63 бода, пред Ботас со 61.

- Оглас -

Најнови вести