Хамилтон од втората позиција во Имола ќе атакува на деветта победа сезонава

На некогашната трка за Големата награда на Сан Марино, сега Емилија Ромања, Луис Хамилтон ќе тргне од втората позиција во атак на деветта овосезонска победа.

Вчера на квалификациите актуелниот светски првак за многу малку ја испушти пол-позицијата, која му припадна на клупскиот колега Валтери Ботасно старт од второто место е и повеќе од доволно за Хамилтон да биде првиот Британец по Дејвид Кулхард во 1998 кој победил на легендарната патека „Енцо и Дино Ферари“.

Легендарниот автодром „Енцо и Дино Ферари“ во Имола се врати на Ф1 календарот по 14 години пауза, а последен освојувач на ова Гран при е Михаел Шумахер, иконата на најбрзиот мотоциркус.

Почетокот на трката за Големата награда на Емилија Ромања е закажан за 13 часот.

- Оглас -

Најнови вести