Хамилтон задоцни за малку, пол-позиција за Ботас во Имола

Финецот Валтери Ботас од Мерцедес по 15-ти пат ја освои пол-позицијата во Формула 1, и на утрешната трка на патеката Имола во Италија, тргнува од најпосакуваната позиција која го става во првиот ред на кандидати за победа.

Ботас имаше за само 97 илјадитинки подобро време од клупскиот колега и актуелен првак Луис Хамилтон, додека трети ќе стартува Макс Ферстапен од Ред Бул. Ферстапен имаше за половина секунда послабо време од пилотите на Мерцедес, а изненадувачки четврти е Пјер Гасли од Алфа Таури.

Легендарниот автодром „Енцо и Дино Ферари“ во Имола се врати на Ф1 календарот после 14 години, а трката ќе се вози за големата награда на Емилија Ромања.

- Оглас -

Најнови вести