Хамилтон по навредите од Алонсо: Мило ми е што дознав што мисли за мене

Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, призна дека е виновен за вчерашниот инцидент на патеката СПА во Белгија, кога се судрија со Фернандо Алонсо.

Шпанецот во лутина рече дека Хамилтон е идиот кој знае да вози само кога нема болиди пред него. Денеска дојде одговорот од Британецот.

„Во жарот на борбата се кажуваат секакви работи, но мило ми е што дознав што тој мисли за мене. Убаво е да се биде искрен. За инцидентот, да, признавам дека беше моја грешка“, изјави пилотот на Мерцедес.

- Оглас -

Најнови вести