Хамилтон со историска пол позиција

Луис Хамилтон ќе стартува како прв на утрешната трка за Големата награда на Катар. Британецот имаше најбрзо време и стигна до 102-рата пол позиција во кариера.

Веднаш до Хамилтон од првиот ред ќе биде неговиот најголем ривал Макс Ферстапен, додека трет ќе стартува Валтери Ботас.

Ова е прв пат да се вози трка во Формула 1 во Катар, која се запиша како 33-та земја што била домаќин на Ф1 циркузот, односно 75-та различна патека. Тоа значи дека Хамилтон се запиша како прв освојувач на пол позицијата на оваа трка, а утре ќе се знае и кој ќе биде првиот победник на трката во Катар.

- Оглас -

Најнови вести