Хамилтон со новиот мотор ќе „лета“ по патеката, но дали ќе успее да направи чудо затоа што стартува од 10 место

Трката за големата награда на Бразил може да реши многу дилеми околу борбата за титулата во Формула 1 шампионатот. Макс Ферстапен кој е водечки во генералниот пласман, на патеката во Сао Пауло ќе стартува од второто место, веднаш зад Валтери Ботас, додека од вториот ред ќе бидат Саинц и Перес.

Актуелниот шампион Луис Хамилтон ќе стартува дури од десетата позиција, но тоа е фантастичен подвиг ако се знае какви се проблеми имаше Британецот во изминативе два дена. Хамилтон прво беше казнет да стартува од последното место на спринт квалификациите поради  тоа што крилцата за ДРС на неговиот болид биле премногу широко отворени.

Иако тргна од „опашката“, Хамилтон претекна дури 15 болиди и заврши на петото место. И тука Хамилтон знаеше дека го чека нова казна, а тоа е враќање на пет позиции назад, затоа што неговито болид доби нов мотор, а тоа носи санкција од пет позиции, па Британецот денеска во Бразил ќе стартува од десетото место, но со многу посилен болид, што секако треба да биде негова голема предност.

- Оглас -

Најнови вести