Хамилтон со рекорд на Интерлагос до пол-позиција

Луис Хамилтон имаше најдобро време на патеката Интерлагос за Големата награда на Бразил во Формула 1, но тоа не е гаранција дека утре ќе стартува од пол-позицијата бидејќи ќе се разгледува еден спорен момент во кој Британецот од Мерецедес може да биде прогласен за виновен.

За Хамилтон, ова е десетта пол-позиција во 2018 година.

Хамилтон постави нов рекорд на патеката, а второ најдобро време (заостанување од 73 илјадити делови од секундата) имаше Себастијан Фетел од Ферари, кој истотака може да биде казнет поради прекршување на правилата на ФИА. Зад нив двајца, се другите двајца пилоти на Мерцедес и Ферари, Финците Валтери Ботас односно Кими Раиконен.

Квалификациската сесија не беше драматична како што се очекуваше бидејќи немаше силен дожд, но времето можеби утре на трката ќе ги расипе сметките на фаворитите.

- Оглас -

Најнови вести