Хамилтон убедливо до победа на првата трка за ГН на Катар

Луис Хамилтон победи на првата трка за Големата Награда на Катар.

Возачот на Мерцедес водеше од првиот до последниот круг и со тоа го заокружи одличното возење овој викенд.

Неговиот најголем ривал сезонава, Макс Верстапен заврши второпласиран, откако тргна од седмото место, по добивањето на казна од пет позици поради непочитување на жолти знамиња на вчерашните квалификации.

Со тоа, Макс во болидот на Ред Бул сега има помала предност во генералниот пласман и таа сега изнесува осум бода во негова корист, на две трки пред крајот.

На третото место, пак, на оваа трка заврши Фернандо Алонсо, кој сите 57 кругови ги извози со само едно застанување во боксот.

До крајот на сезоната, ни преостануваат уште две трки, кои ќе се возат во Саудиска Арабија од од 3. до 5. декември, а затворањето на сезоната ќе биде во Абу Даби на 12. декември.

- Оглас -

Најнови вести