Хаос и шок во Пекинг, тренерот на Џанг тепаше навивач на Кербер (Видео)

Дуелот на Шуаи Џанг и Анџелик Кербер ќе се памети по неверојатна случка која се случи по завршувањето на дуелот. Откако Германката победи со 2-1 во сетови, еден човек од нејзината ложа скокна врз 19-годишно момче кое навиваше за Кербер и почна да го удира.

Шокот е уште поголем кога се дозна дека тепачот е всушност тренерот на кинеската тенисерка Џанг.

Беше објавено дека навивачот на Кербер бил Кинез. Тренерот се налутил зошто среде Пекинг, Кинези не навиваат за Џанг туку за Германка, па збесна и одлучи да се пресмета со фанот на Кербер.

- Оглас -

Најнови вести