Хаос на бугарското дерби: Лудогорец победи со гол во 108-мата минута! (Видео+Фото)

Вистински хаос се случуваше вечерва на дерби-дуелот од бугарското првенство помеѓу ЦСКА Софија и Лудогорец. Мечот на стадионот „Бугарска армија“ неколкупати беше прекинуван поради пиротехничкото шоу на домашните навивачи. Судиите на крајот покажаа дека ќе се игра дополнително време од 12 минути, но екипата на Лудогорец во 108-мата минута преку Спас Делев дојде до победата со 0-1.

Тоа предизвика гнев кај навивачите на ЦСКА кои тргнаа да се пресметуваат со противничките фудбалери.

Дел од гледачите ги употребија дури и лопатите со кои беше чистен снегот за да ги нападнат фудбалерите на Лудогорец.

Ова беше последниот натпревар кој се одигра на стадионот „Бугарска армија“ во Софија пред неговото рушење и најавената изградба на нов стадион.

- Оглас -

Најнови вести