Хаос на кошаркарски меч во САД, едно лице почина по масовна тепачка на навивачи (Видео)

Расел Жиру (60 години) почина од здобиени повреди за време на тепачка меѓу навивачи за време на кошаркарски натпревар на средношколски тимови во сојузната држава во САД, Вермонт. Полицијата започна истрага за причините за смртта на 60-годишниот Жиру, објавија медиумите во САД.

Настанот се случил минатиот месец, ноќта меѓу 18 и 19 јануари, и тоа за време на натпреварот на кој играле ученици од училиштата „Албург“ и „Сент Албанс“.

Според видеото кое вчера се појави на социјалните мрежи, се гледа дека голем број навивачи учествувале во тепачката, а меѓу нив и малолетни деца.

 

- Оглас -

Најнови вести