Хаос по мечот, не се знаеше кој кого удира: Мејведер стана „доживотен непријател“ на внукот на озогласениот мафијаш (Видео)

Егзибицискиот меч помеѓу американскиот боксер Флојд Мејведер и Џон Готи Трети заврши со општа тепачка во рингот. Судијата Кени Бејнс реши да ја прекине борбата во шестата рунда и да ја додели победата на Мејведер, и тоа поради константните навреди што Готи ги упатуваше кон својот противник.

И Мејведер го провоцираше противникот, но и беше подобар боксер во рингот до моментот кога судијата реши да ја прекине борбата. Оваа одлука за прекин на борбата не му се допадна на Готи, кој го оттурна арбитаеот и повторно го нападна Мејведер. Потоа во рингот влегоа членовите од таборите на двајцата боксери и започна општа тепачка.

Потоа тепачката се пренесе и на трибините меѓу навивачите, па мораше да реагира и полицијата.

Мејведер, кој има 46 години, е непоразен боксерски шампион (50 победи во 50 меча), а во 2017 година ја заврши кариерата, а сепак продолжи со егзибициски мечеви.

„Затоа многу заработувам. Секогаш правам добро шоу“, рече Мејведер по борбата.

Џон Готи Трети, кој е внук на познатиот њујоршки мафијаш Џон Готи, беше многу лут поради одлуката борбата да биде прекината.

„Ние сме доживотни непријатели. Клошарот не успеа да ме нокаутира. Дисквалификуван сум без причина“, луто коментираше Џон Готи Трети.

- Оглас -

Најнови вести