Хаос во Арена: Гробарите ги навредуваа Кукоч и Раѓа, на останатите навивачи не им допадна тој потег

Партизан со победа се прости од Евролигата, во „Белградска арена“ со 79:66 ја совлада Валенсија, но мечот го одбележа „дуелот“ меѓу Гробарите и останатите навивачи поради легендите на југословенската, европската и светската кошарка, Тони Кукоч и Дино Раѓа.

Гробарите на трибините истакнаа транспарент на кој пишуваше:
„Клубот им припаѓа на тие кои живеат за него, а н на кретените кои и се воодушевуваат на атмосферата. А ние никогаш нема да се правиме фини пред усташите кои бегаат од победничкиот пиедестал во Атина“.

Овој потег на Гробарите го осудија поголем дел од навивачите во „Белгадска Арена“ кои го исвиркаа перформансот и ги навредуваа најверните фанови на Партизан.

На крајот се огласи и самиот клуб Партизан кој порача дека повторно е соборен рекордот по број на гледачи, но и порача дека не се согласува со однесувањето на дел од навивачите.

„Партизан го заврши настапот во Евролигата за сезоната 2023/24. Во 34-тото коло е совладана Валенсија и воедно е поставен нов рекорд кога станува збор за просечната посетеност во салата за време на регуларниот дел од сезоната. И покрај големата желба, целта во Евролигата не е остварена, но на екипата и стручниот штаб мора да им се оддаде признание поради упорноста и борбата до самиот крај. Партизан од срце им се заблагодарува на навивачите кои купуваа сезонски и дневни билени и овозможија сликите од преполната „Белградска Арена“ од недела во недела да го обиколуваат светот. Сепак, Партизан нема разбирање за одредени настани и поединечни постапки на кои бевме сведоци на последниот меч. Клубот се оградува од сите навреди кои беа искажани за време на натпреварот. Исто така клубот не го разбира палењето на бакли во салата кои сигурно ќе донесат ригорозни казни и ќе го намалат угледот на Партизан за кој сите заедно се боревме“, стои меѓу другото во соопштението на Црно-белите.

- Оглас -

Најнови вести