Хаос во Атина: Навивачите на Олимпијакос истепаа фудбалери на ПАОК (Видео)

Олимпијакос и ПАОК одиграа 1:1 во дербито на двете најдобри екипи во грчкото првенство. По 12 одиграни меча, токму овие две екипи се на делба на првото место на табелата со по 28 бодови (двете имаат по осум победи и четири ремија).

Пред да започнат возбудувањата на теренот, се случи инцидент при доаѓањето на гостинските фудбалери. Група од 20-тина навивачи на Олимпијакос ги чекале гостите од Солун, а полицијата која не била доволно организирана дозволила да бидат нападнати фудбалерите на ПАОК.

Најлошо поминале Карол Сведерски и голманот Александрос Пашалакис, кои се здобиле со повеќе модринки по телото. Дури потоа реагирала полицијата и дошло до жесток судир со хулиганите.

ПАОК поведе во 29-тата минута со голот на Ингасон, но Олимпијакос се спаси од пораз благодарение на погодокот на Валбуена од пенал во 64-тата минута.

 

- Оглас -

Најнови вести