Хаос во Барселона, Чави им кажа не, а Валверде се лути што му работеле зад грб

Чави Ернандес не сака да стане тренер на Барселона уште од утре, преферира на клупата да седне во јуни, по завршувањето на сезоната. Тој дал негативен одговор, иако дефинитивно ќе се чека до утре. Ако реши да остане во катарски Ал Сад, Чави ќе остави непријатна ситуација во соблекувалната на клубот во кој се прослави како фудбалер.

Сега проблем е како ќе се однесува тренерот Ернесто Валверде кој според каталонските медиуми, бил многу разочаран од фактот дека никој од клубот не разговарал со него за ситуацијата во тимот, туку зад грб почнале да бараат негов заменик. Валверде бил бесен што за преговорите на клубот со Чави дознал од медиумите, а претставници на клубот ниту еднаш не разговарале со него.

Претседателот Жозеп Марија Бартомеу, планира деновиве да се сретне со Валверде, доколку претходно не му биде врачен отказ. Сега Валверде знае дека клубот не му верува, што е спротивно на изјавите кои беа давани после болниот пораз од Атлетико во Суперкупот. Барса утре во 11 часот има тренинг, и останува да се види дали со тимот ќе работи Валверде или некој друг.

- Оглас -

Најнови вести