Хаос во Белград, неизвесно кога ќе почне мајсторката од АБА-лигата

Натпреварот помеѓу Црвена ѕвезда и Будуќност, кој одлучува кој од овие два тима ќе биде шампион на АБА-лигата и со тоа победникот ќе се најде во Евролигата, не почна во терминот од 19 часот бидејќи гостите беа нападнати кога излегоа на теренот. На трибините на салата „Александар Николиќ“ врие, има околу 7.000 фанови кои со навредливи зборови, пукање петарди и фрлање предмети ги пречекаа играчите на Будуќност.

Според црногорските медиуми, цел на навивачите на Ѕвезда биле Норис Кол и Немања Гордиќ. Суад Шеховиќ бил повреден во раката и веројатно нема да може да игра, ако мечот и воопшто почне. Гога Битадзе бил погоден со пластично шише, летале столчиња, па гостите се повлекоа во соблекувална и за да се вратат, бараат празнење на првите два реда.

Србите тврдат дека екипата на Будуќност провоцирала, па неколку фанови влегле на теренот.

Според пропозициите, ако мечот не се игра вечерва, тогаш ќе биде презакажан за утре и ќе се игра без публика.

- Оглас -

Најнови вести