Хаос во Мостар: Навивачите на Вележ го прекинаа мечот, а потоа и го запалија автомобилот на судиите

Вчерашниот дуел меѓу Вележ и Борец од Бања Лука беше прекинат во 82-рата минута. Гостите на полувреме имаа предност од 1:0, а кога Борец даде и втор погодок за 2:0 во 82-рата минута, се случи хаос. Десетина навивачи на Вележ втрчаа на теренот и сакаа да се пресметаат со судијата и гостинските фудбалери.

За среќа, поголем инцидент не се случи, но судијата Сабрија Топаловиќ одлучи дека нема услови да се доигра мечот, иако кај фудбалерите на двата клуба постоеше расположение да се доигра.

Навивачите на Вележ сепак продолжиле со дивеењето. Како што пишува порталот Sportsport.ba, автомобилот со кој се возеле судиите бил нападнат во тунел кај Јабланица. Се шпекулира дека судиите може и биле физички нападнати, додека автомобилот бил ценосно изгорен.

 

- Оглас -

Најнови вести