Хаос во НХЛ-лигата: Масовна тепачка меѓу хокеари уште во првата секунда (Видео)

Хокеарите на Њујорк ренџерс со пресврт во последната третина славеа со 4:3 над Њу Џерси девилс, но мечот го одбележа масовната тепачка која започна уште во првата секунда.

Имено, веднаш штом судијата го фрли пакот на мразот, поголем дел од хокеарите на двата тима ги фрлија ракавиците и тргнаат во меѓусебни пресметки.

Иако тепачките во хокејот се вообичаен декор од натпреварите, ретко се случува тие да започнат уште во првата секунда. Вообичаено, судиите ги оставаат хокеарите одреден период да си ги расчистат сметките пред да ги раздвојат.

 

 

- Оглас -

Најнови вести