Хаос во Сан Себастијан – Навивачи на Сосиедад го нападнаа автобусот на Атлетико, Чоло Симеоне не им се исплаши (Видео)

Голем инцидент се случи во Сан Себастијан, а навивачите на Реал Сосиедад го каменуваа автобусот на актуелниот шампион Атлетико Мадрид, па мораше да реагира полицијата за да спречи уште поголем хаос.

Реал Сосиедад го победи Атлетико Мадрид со 2:0 и го елиминира од натпреварите во Купот на Шпанија.

Мечот од осминафиналето во Копа Дел Реј мина во сенка на инцидентот, кој се вжешти кога реагираше тренерот на гостите, Диего Симеоне.

Популарниот Чоло реагираше бесно на атакот на домашните навивачи и влезе во кавга со нив, но за среќа немаше физички контакт.

- Оглас -

Најнови вести